Availability: На залиха

‘Ршуми на душа

500 ден

“Сега јас кажувам, на крај на наречието,

наречница не сум- јас сум нејзината Мајка!”

Ах, помисливме неканета лелеава горска вила-

а таа мајката да ти била.

Четвртата наречница,

најмоќната која нарекувал после трите, рекла:

“Сѐ што нарековте добро- да се фати!

“Сѐ што рековте погрешно

– веднаш назад во амбисот да се врати!”.

“Животот и ко брз воз над неа кога ќе мине

да не ја прегази и смачка како паричка на шина.

Секогаш сѐ да се реши во нејзина полза,

не секогаш можеби на начин на кој таа ќе сака.

Таму кај што не ќе може сама,

јас ќе ставам мајчинска рака”.

“Рапавините на душа јас ќе ѝ ги мазнам како со шмиргла.

Ќе ѝ ја освежувам крвта со црвени крвни зрнца,

а со кислород здивот…

“Мојата душа штит од корозија

и оксидирање ќе ѝ биде”, рекла,

и наречниците во злоустуето ги пресекла.

Се моли.

Бдее над тебе.

Со сета своја заштита и љубов.

Не те остава да страдаш.

Те покрива дури и од гробот.

И, тогаш, дека мртвите

зборуваат погласно од  живите- ќе сфатиш,

и дека прават поголеми невидливи работи

и добри дела.

Мајко- нескршлива

како поцинклуван челик во леарница леан,

кога станува збор за своето дете.

Мајка,

и на аждајата со кроток збор

ќе ѝ ја врзи разулавената уста,

толосумот секој ден ќе го надитрува

“дојди утре”.

и страшниот лиот во неповрат ќе го прати,

на лилјакот ќе му ги изрепа пакосните крилја,

на накострешениот бабушар

и на сеништето ќе им го пресече патот.

Пред мајката и ѓаволот подголтнува од немоќ

аветот бега со летање преку дворој

сега го гледаш- сега не го гледаш.

Дури и молецот најситен што те јаде, ќе до најде.

Категорија

Опис

Дополнителни информации

Автор