Испечати ја твојата фото книга
Објавувајте и печатете прекрасни фото книги онлајн; совршени за подарување, зачувување спомени или креирање портфолио од дела.

Висококвалитетно печатење
Внесете живот во вашите слики со премиум отисок и хартија за вашата фото книга.

Цени
Балансот помеѓу квалитетот и цената значи дека вашата фото-албум нема да ве чини многу.

Контрола
Без крути шаблони или префабрикувани дизајни што ја попречуваат вашата креативност.
Популарни формати на ФОТО книги
Square
Димензија: 210 × 210 mm
Формат што го сакаат визуелните раскажувачи. Совршена симетрија што им дава еднакво внимание на секоја фотографија – како создаден за албуми што раскажуваат приказна без зборови.
НАЈПОПУЛАРЕН ФОРМАТ
- Поврзување: Меко
- Печат: Боја, премиум
- Хартија: 150 гр
- Цена од: 285 ден
A5 landscape
Димензија: 210 x 148 mm
Мал, лесен и топол. Како џебно патување низ спомени – идеален за секојдневни моменти, кратки авантури и искрени насмевки што заслужуваат да бидат сочувани.
НАЈПОПУЛАРЕН ФОРМАТ
- Поврзување: Тврдо
- Печат: Боја, премиум
- Хартија: 180 гр
- Цена од: 555 ден
A4 landscape
Димензија: 297 x 210 mm
Формат за големи приказни и богати детали. Простор што дише, страници што ја носат тежината на важните спомени – од свадби до семејни хроники.
НАЈПОПУЛАРЕН ФОРМАТ
- Поврзување: Тврдо
- Печат: Боја, премиум
- Хартија: 180 гр
- Цена од: 685 ден
Корисни статии за изработка на фото-книги
ОДГОВОРИ НА НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
ОПШТИ ПРАШАЊА
Тоа значи дека фото книгите се изработуваат само кога ќе нарачате – персонализиран и отпечатен по ваша мерка, без минимален тираж.
Секој – индивидуалци, семејства, фотографи, компании, туристички агенции и други.
Да. Нема минимална количина – можете да нарачате и еден единствен примерок.
ПОДГОТОВКА ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
Можете сами да го дизајнирате или да ангажирате наш надворешен соработник. Дизајнирањето не е вклучено во цената на печатењето и е предмет на меѓусебен договор помеѓу вас и дизајнерот.
Да. Имаме надворешни соработници, професионални дизајнери кои би можеле да ви помогнат околу дизајнирање на фото-книгата и неговата подготовка за печатење. Оваа услуга не е вклучена во цената на печатењето и е предмет на меѓусебен договор меѓу вас и нашиот соработник.
Не. Можете да користите готов шаблон или да креирате фото-книга по сопствена желба.
Да. Можеме да испратиме дигитален примерок за проверка пред печатење.
Фотографиите можете да ни ги пратите преку Google Drive, WeTransfer и слични онлајн сервиси или да ги донесете лично на USB.
Спецификации на албумите
Нудиме фото-книги со мека и тврда корица, со различни типови на хартија (мат, сјајна, премиум), во повеќе формати.
Најпопуларни се: 21×21 cm, 21×29.7 cm, 29.7х21 cm (A4), но нудиме и прилагодени димензии.
И двата типа се достапни – можете да изберете според вашиот стил и вкус.
Минимално 20, а максимално до 100 страници. За специјални барања, контактирајте нè.
Бројот на фотографии зависи од избраниот формат и бројот на страници. Типично: 20–120 фотографии.
Печатење и рокови
Обично 3–7 работни дена, зависно од сложеноста и количината.
ЦЕНИ
Цената варира според форматот, бројот на страници, типот на хартија и корицата. Пополнете го онлајн формуларот и ќе добиете прецизна цена.
Прв чекор е определување цена за печатење. Пополни го онлајн формуларот и причекај да ти подготвиме пресметка врз основа на твоите барања. Потоа, следен чекор е плаќањето и доставувањето на материјалот за печатење. Штом биде завршено печатењето, ќе те контактираме за испорака односно натамошни чекори.
ИСПОРАКА
Испорачуваме преку курирска служба, со заштитна амбалажа за сигурна достава.
ПРОДАЖБА
Да, доколку албумот има комерцијален потенцијал (на пр. туристички, уметнички, документарен), може да го поставиме во нашата онлајн продавница по договор.
Вие како автор/креатор ја предлагате цената, а ние ќе ви помогнеме со пресметка врз основа на трошоците за печат и препорачаната трговска маргина.
Вие како автор добивате 100% од профитот, односно износот наплатен од купувачите намален за трошоците за пакување и испорака. Исплатата се врши месечно или според договор, со комплетна евиденција на продажбата.
ЗАПОЧНИ
Направи го првиот чекор и добиј ја твојата фото-книга одпечатена за тебе, твоите пријатели или читателите ширум светот!