Испечати го твојот уникатен календар
Дизајнирајте персонализиран календар со ваши уметнички дела или фотографии, додадете посебни датуми и одпечатете примероци за себе или продавај ги преку нашата онлајн книжарница.

Печатење без мака и залихи
Добијте го квалитетот што ви е потребен по прифатливи цени за печатење и уживајте во печатењето по нарачка која ја елиминира потребата од складирање.

Бесплатни шаблони
Користете ги нашите бесплатни шаблони за да ги дизајнирате вашите календари а потоа целосно прилагодете ги користејќе ги вашите алатки за уредување.

Самостојно издавателство
Испечатете календари по нарачка во тираж по ваша желба, тогаш кога ви се потребни и испорачајте ги на вашите клиенти на било која локација.
Популарни формати на календари
Календар со метални спирали
Димензија: 210 x 297 мм
Елегантен и практичен календар со метални спирали, идеален за закачување на ѕид. Се одликува со стабилност и едноставно прелистување на страниците. Совршен избор за канцеларии и домови кои сакаат стил и функционалност.
НАЈПОПУЛАРЕН ФОРМАТ
- Поврзување: Метална спирала
- Печат: Боја, премиум
- Хартија: 180 гр
- Цена од: 285 ден
Троделен ѕиден календар
Димензија: 176 x 250 мм
Функционален календар кој истовремено прикажува три месеци. Овозможува лесно планирање и следење на тековни и претстојни активности. Популарен избор за бизниси поради својата прегледност.
НАЈПОПУЛАРЕН ФОРМАТ
- Поврзување: Лепење
- Печат: Боја, стандард
- Хартија: 180 гр
- Цена од: 185 ден
Календар за работна маса
Димензија: 148 x 210 мм
Компактен календар со метални спирали, дизајниран за поставување на работна маса. Нуди брз преглед на датумите без да зафаќа многу простор. Идеален за секојдневна организација.
НАЈПОПУЛАРЕН ФОРМАТ
- Поврзување: Меко
- Печат: Боја, стандард
- Хартија: 80 гр
- Цена од: 185 ден
Корисни статии за изработка на календари
ОДГОВОРИ НА НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
ОПШТИ ПРАШАЊА
Апсолутно! Тоа е најубавото кај персонализираните календари – вие избирате кои фотографии ќе бидат вклучени, месец по месец, или дури и недела по недела.
Можете сами да го дизајнирате или да ангажирате наш надворешен соработник, дизајнер за професионален изглед.
Секако! Многу клиенти користат персонализирани календари како оригинален и практичен подарок за клиенти, партнери или соработници. МАР-САЖ ќе ви помогне да вклучите лого, контакт податоци и бои што го следат вашиот бренд.
Да, тоа е една од најбараните опции.
Ако планирате календар за следната година, најдобро е да почнете подготовка уште во ноември или декември. Ако е за подарок (роденден, јубилеј…), тогаш 2–3 недели однапред е оптимално.
ПОДГОТОВКА ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
Да. Имаме професионални дизајнери кои можат да ви помогнат. Оваа услуга не е вклучена во цената на печатењето и е предмет на меѓусебен договор меѓу вас и нашиот соработник.
Најдобро е во PDF, со форматирани страници подготвени за печат. Ако не умеете тоа да го направите, тогаш ќе ве поврземе со некој од нашите надворешни соработници кои тоа ќе го направат за вас. Оваа услуга е предмет на меѓусебен договор меѓу вас.
Пред печатење, добивате пробна верзија за преглед и одобрување.
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
За ѕидни: A3 и 33×48 cm; за биро: 21×10 cm; за стоечки: A5 или прилагодено, по ваша желба.
Зависи од типот. Најчесто 12 фотографии (по една за секој месец), плус насловна.
Да. Можеме да вклучиме дел за белешки, задачи или важни датуми.
Апсолутно. Можеме да ги вметнеме македонските празници, ваши настани или било кој бренд елемент.
Секако. Работиме со уметници и дизајнери кои креираат ексклузивни календари.
НАРАЧКА И ПРОИЗВОДСТВО
Најмал број на примероци кои може да ги нарачате е 10.
Цената зависи од форматот. Контактирајте нè за конкретна понуда.
Стандардното време е 5–7 работни дена по одобрување на дизајнот.
Да. Ја чуваме вашата книга безбедно за идно печатење.
ИСПОРАКА
Да. Нудиме директна испорака до крајни купувачи во земјата.
ПРОДАЖБА
Да – особено ако е уметнички, туристички, мотивациски или насочен кон поширока публика.
Вашиот календар се печати во мал тираж од 10 примероци и се поставува на нашата платформа со насловна слика, опис, цена и податоци за авторот. Кога некој ќе го купи, календарот веднаш му го испорачуваме. Штом се потроши залихата, допечатуваме нови примероци.
Вие ја предлагате цената на календарот. Ќе ви помогнеме со препорака врз основа на трошоците и пазарот но крајната одлука за определување на продажната цена е ваша.
Вие како автор добивате 100% од профитот, односно износот наплатен од купувачите намален за трошоците за пакување и испорака.
Исплатата се врши месечно или квартално, по договор. Ќе добиете детална евиденција за секоја продажба и пресметка на вашиот профит.
Не мора. Можеме да склучиме договор како физичко лице, преку авторски или друг модел.
ЗАПОЧНУВАЊЕ
Едноставно – контактирајте нè преку формуларот, испратете го вашиот фајл и ќе ве водиме низ целиот процес.
ЗАПОЧНИ
Направи го првиот чекор и добиј пресметка за печатење на твојот календар и испорака до твоите клиенти или купувачи ширум земјата!