Фросина Мантева Шутаров

Фросина Мантева Шутаров

Фросина Мантева Шутаров е дипломиран професор по математика и физика, со 10 години искуство во наставата. Во 2016 година ги завршува студиите по математика и физика, а своето образование го надградува со магистерска диплома по математичка статистика, актуарство и математички модели во економијата.

Во својата наставна работа се води од идејата дека математиката не треба само да се научи, туку да се разбере – преку логичко размислување, љубопитност, прецизност и самодоверба.

Водена од оваа визија, таа е основач на Математичка академија ЛОГОС, каде што ја развива својата идеја за поинаков пристап кон математичкото образование. Оваа книга е нејзино авторско дело, создадено за потребите на програмата на ЛОГОС, и е резултат на долгогодишното искуство, работа и посветеност на учениците.

Книги од Фросина Мантева Шутаров