Билјана Пешко е родена на 10 јули 1969 година во Скопје, каде што го стекнува основното и средното образование. Дипломира на Филозофскиот факултет, Институт за педагогија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Целиот свој живот и професионален ангажман ги врзува за Скопје. Уште од рана возраст, преку училишните активности во ОУ „Коле Неделковски” – Скопје, jа открива својата љубов кон пишаниот збор.
Добитник е на наградата „13 Ноември” за литература, а како студентка, активно учествува во здружението на млади писатели на Македонија „Бели мугри”.
Низ годините успешно се реализира и на полето на литературата и во својата професија.
Како педагог со долгогодишно искуство, својата работа jа посветува на децата, нивниот развој и разбирање на нивниот свет.
Нејзиниот професионален интерес е насочен кон развојот на детето, при што
педагошката теорија и практика природно се надополнуваат со нејзиниот ангажман во областа на детската литература.
Инспирирана од детската имагинација и секојдневните радости, jа создава книгата „Опа-цупа“ на баба Биби, наменета за деца од предучилишна и училишна возраст.
Со својот лесен, разбирлив стил внесува топлина, игра и мудрост, нудејќи им на
младите свет во кој учењето и забавата одат рака под рака.
Оваа збирка на песни и погодувалки претставува нејзино прво самостојно книжевно дело.