Опис
– Македонска. Има многу убав сентиментален текст, на кој јас плачам. За девојка која ќе се вљуби несреќно во веќе оженет човек. Другарките често ми се смеат кога плачам на песната. Не знам зошто ме прилекува. Ја чувствувам како дел од себе, како судбинска, почна да објаснува Катарина.
– И тогаш, а и сега се прашувам дали вреди и колку да се понижиш за љубов? Вреди, верувај ми. За љубов вреди да клекнеш на колена, секој пат, без да се колебаш, двоумиш и плашиш што ќе изгубиш, та безбели, за што ако не за љубов?




