Тихомир Климоски, роден во Скопје во 1964 година, каде завршил основно и средно образование. На Факултетот за безбедност во Скопје дипломирал во 1987 година, а постипломските студии на истиот факултет ги завршил во 2013 година.
Oд 1987 до 1996 година работи како инспектор во Секретаријатот за внатрешни работи во Охрид. Во 1996 преминува на работа во Скопје во Министерството за внатрешни работи како Виш инспектор за Економски криминалитет.
Во 1997 ггодина е избран за Генерален секретар на Македонскиот полициски синдикат, а на конгресот во 2000 година за Претседател. Во 2004 година е избран за помошник на Генералниот секретар на Советот на Европските полициски синдикати со седиште во Лион Франција, додека во 2011 година е избран за Потпретседател за јавен сектор на Сојузот на синдикатите на Македонија. Од 2014 до 2017 година раководи со Економско социјалниот совет на Град Скопје.
Творец е на повеќе студии како : „Компаративен преглед на Системот на кариера на полициските службеници во Европа“, „Систем на кариера во Министерството за внатрешни работи на Македонија“, „Анализа на состојбите со решавање на станбеното прашање на вработените во Министерството за внатрешни работи на Македонија“, „Интегриран систем за набавка и дистрибуција на униформи и додатна опрема на полициските службеници во Македонија“ и други.
Во 2018 година се пензионира во Министерството за внатрешни работи како Виш полициски советник за Стандарди за полициско работење.